Фабрегас: Мбапе е идеален играч за Реал Мадрид

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Сеск Фабрегас, го смета Килијан Мбапе за идеален играч за Реал Мадрид.
Мбапе веќе долго време се поврзува со Кралскиот клуб. Реал го сакаше додека тој сè уште играше во Монако, но Мбапе тогаш одлучи да се пресели во ПСЖ, каде игра веќе три години.
Иако е играч на богатиот ПСЖ, Реал Мадрид сè уште не се откажа од Мбапе, а еден од оние што веруваат дека тој би бил идеално засилување за „Кралевите“ е Фабрегас.
Членот на Монако вели дека Фтанцузинот има карактеристики кои одговараат на тимот предводен од Зинедин Зидан на клупата.
„Тој е човек кој е гладен за успех и сака да биде најдобар. Поради неговиот стил на игра, тој би бил идеално засилување за тим како Реал Мадрид“, изјави Фабрегас за „Естудио Естадио“
Сеск, кој ги помина најдобрите денови од кариерата во Арсенал, вели дека тој самиот имал шанса да се пресели во Реал во неколку наврати.
“Веќе разговарав за тоа во други прилики. Имав многу можности да заминам во Реал, но на крајот сакав да се преселам во Барселона и тоа се оствари”, рече тој.



