Поврзи се со нас

Фудбал

Фановите на Барселона го пречекаа Гризман по тренингот и му испратија предупредувачка порака

Фудбалерите на Барселона направија нов тренинг синоќа пред дербито против Атлетико Мадрид, кое ги чека во сабота.

Единствениот кој не присуствуваше на тренингот беше Лионел Меси, кој синоќа се врати од Аргентина, а Роналд Куман му даде подолга пауза. Останатите играчи беа на тренинг, а Антоан Гризман беше во центарот на вниманието.

Имено, претходните денови имаше многу бура во јавноста затоа што луѓе блиски до Гризман решија да откријат сè, а многумина рекоа дека Меси е главниот виновник што на Французинот не му оди баш најдобро во каталонскиот клуб.

Новинарите минатата ноќ го замолија Меси да го коментира тоа, а тој само им рече дека е „уморен да биде виновен за сè што се случува во клубот“. По тренингот, навивачите го пречекаа Гризман пред тренинг центарот и му дадоа до знаење дека Аргентинецот мора да се почитува.

„Меси се почитува“, извикуваа навивачите на Барселона кон Гризман додека тој помина покрај нив.

loading...

Facebook