SportM
Фудбал

Фановите на Лацио објавија протест против дербито со Ромa

Д М28 сеп 2018
Фановите на Лацио објавија протест против дербито со Ромa

Утре на стадионот “Олимпико” ќе се одигра големото римско дерби. Рома ќе го угости Лацио и како и секогаш кога ќе се сретнат овие два тима, очекуваме спектакл.

Сепак, спектаклот ќе биде малку помал барем кога станува збор за трибините. Имено, повеќето фанови на Лацио објавија протест за утрешното дерби.

Затоа, „Derby della Capitale“ ќе помине без кореографија, знамиња и транспаренти на северната трибина, бидејќи тие одлучија да се откажат во знак на протест.

Имено, навивачите на Лацио мислат дека тие и нивниот клуб систематски се дискриминирани од властите во Италија и лидерите на италијанскиот фудбал.

Дербито се игра утре во 15:00 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.