SportM
Фудбал

Фелаини се опорави од коронавирусот и почна да тренира после два месеци (ФОТО)

Д М13 мај 2020
Фелаини се опорави од коронавирусот и почна да тренира после два месеци (ФОТО)

Белгискиот фудбалер Маруан Фелаини пред еден месец беше пуштен од болницата, откако се опорави од коронавирус.

Фелаини бил во болница три недели, а потоа тој останал во домашна изолација 14 дена, иако бил целосно опоравен. Но, Белгиецот, кој во моментов игра за Шандонг Луненгу, конечно се врати на акција.

Тој денес се упати на Инстаграм и рече дека карантин конечно е зад него, и дека тој повторно започнал да тренира по повеќе од два месеци.

 
“Среќен сум што карантинот заврши и денес започнав со тренинзи. Им благодарам на сите од болницата каде што бев затоа што тие се грижеа за мене и ми пружаа поддршка. Благодарам на сите вас за пораките за поддршка што ги добив. Закрепнав и се чувствува добро“, рече Фелаини.

https://www.instagram.com/p/CAH5WqtH1Cp/?utm_source=ig_embed

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.