Фенербахче заинтересиран за Лев
Д М25 мар 2021

Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев може да ја продолжи кариерата во Турција.
Фенербахче е заинтересиран за услугите на 61-годишниот фудбалски стручњак, пренесува „Goal.com“.
Забележано е дека Лeв, во комуникација со пријателите, ја призна можноста за работа во Турција.
Тренерот претходно беше на чело на Фенербахче во сезоната 1998/99, со него клубот го зазеде третото место.
Лев неодамна објави дека ќе ја напушти репрезентацијата по Евро 2020 кое ќе се игра претстојното лето.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



