SportM
Фудбал

Феран веќе тренира со ПСЖ: Сакам да ги освојам сите можни трофеи, да ги направам среќни Парижаните

SPORTM.mk16 авг 2026
Феран веќе тренира со ПСЖ: Сакам да ги освојам сите можни трофеи, да ги направам среќни Парижаните

Сагата заврши. Феран Торес беше претставен оваа сабота како нов играч на ПСЖ, за петте следни сезони, до 2031 година. Напаѓачот веќе учествуваше на тренинг под водство на Луис Енрике, кој го поздрави топло.

Феран излезе на терен заедно со поранешниот соиграч од Барса, Осман Дембеле, а покрај него беше и Фабијан Руиз, со кого ја освои Светското првенство со Шпанија. Потоа помина низ „тунелот“ од пријателски удари од соиграчите за да му честитаат на трансферот.

„Многу сум среќен што започнувам нова авантура со клуб како ПСЖ. Се надевам дека ќе му помогнам да освои што повеќе трофеи“, – рече Феран.

За Луис Енрике додаде: „Тој е како татко во светот на фудбалот“. Феран ја вреднува довербата која тренерот му ја дал секогаш и додаде дека тој знае „како да го истакне целиот твој потенцијал“.

На крај, напаѓачот вети: „Сакам да ги освојам сите можни трофеи, да ги направам среќни Парижаните, да постигнам многу голови и да дадам многу асистенции“.

Трансферот на Феран Торес и донесе на Барселона околу 50 милиони евра и е петтата најскапа продажба во историјата на клубот.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.