SportM
Фудбал

ФИФА немаше милост: Жестоко казни два клуба од Ла Лига

Ј П14 јан 2025
ФИФА немаше милост: Жестоко казни два клуба од Ла Лига

ФИФА ги казни шпанските клубови Мајорка и Рајо Ваљекано со забрана за трансфер на играчи во следните три трансфер периоди, пренесува „Марка“.

ФИФА на својата веб-страница на 9 јануари ги објави имињата на клубовите казнети поради неплатени долгови кон „трети лица“, но двата шпански тима веруваат дека ова е административна грешка бидејќи велат дека веќе немаат отворени случаи.

Тоа е административна работа која е веќе решена, информацијата не е точна“, изјавија за Marca од Мајорка.

Од Рајо Ваљекано уверија и дека немаат никаков случај и сметаат дека објавата на веб-страницата на ФИФА е „административна грешка“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.