ФИФА: Правилото за пет измени останува до крајот на 2022 година

Извршниот одбор на Светската фудбалска федерација (ФИФА) денес објави дека правилото за пет измени ќе остане на сила до 31 декември 2022 година.
По пандемијата на корона, ФИФА одлучи да им дозволи на тимовите пет измени на натпреварите, но потоа им препуштија на лигите да одлучат дали ќе го спроведат ова правило во сезоната што е зад нас.
Скоро сите лиги, освен Англија, останаа со правилото за пет измени, а ФИФА на денешниот состанок одлучи дека ова правило ќе остане на сила до 31 декември 2022 година.
🚨 BREAKING🚨
The 5 substitute rule will be extended until December 31, however that is the option to each individual league whether they want to take up that option pic.twitter.com/Zq8r8tV011
— Football Daily (@footballdaily) May 28, 2021
Секако, секоја лига повторно ќе има право да избере да го користи ова правило и нивната одлука за спроведување во националните натпреварувања ќе биде валидна.
Кога ова правило беше усвоено во пролетта минатата година, раководството на националните лиги ги консултираше клубовите и тие го слушаа нивното мислење за овој случај.
На крајот, скоро сите лиги ги почитуваа желбите на клубовите и многу е веројатно конечните одлуки да бидат донесени во консултација со клубовите.
Сепак, на натпреварите организирани од Светската фудбалска федерација (ФИФА), ова правило ќе остане на сила, а репрезентациите на квалификациските натпревари ќе имаат опција да направат пет измени.
Исто така, на Светското првенство во Катар есента 2022 година ќе бидат дозволени пет измени, но од 1 јануари 2023 година сè ќе се врати во нормала и правилото за три измени ќе се користи повторно.



