ФИФА се огласи: Инфантино не може да влијае врз судиите!

Шефот на судиите на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, се огласи со соопштение за јавноста по сè погласните обвинувања на сметка на ФИФА дека натпреварите на Светското првенство се наместени.
Од сите страни пристигнуваат приговори дека Аргентина отворено се фаворизира на светските првенства, а кулминацијата на обвинувањата дојде од таборот на репрезентацијата на Египет, која беше поразена со 3:2 во осминафиналето на Мундијалот токму од Аргентина.
Египќаните сметаат дека биле сериозно оштетени на тој натпревар, а фудбалерот на оваа репрезентација Зико изјави дека „Аргентина веќе го освои трофејот и дека Светското првенство е наместено“.
Во одбрана на ФИФА застана нејзиниот прв човек за судење, Пјерлуиџи Колина, кој изјави дека конструктивната дискусија секогаш е добредојдена, но не и неоснованите обвинувања.
„Секако, конструктивната дискусија за судиските одлуки секогаш ќе биде дел од фудбалот, но неоснованите обвинувања немаат место во нашиот спорт. Никој не може да го доведува во прашање интегритетот на судиите на натпреварите од Светското првенство. Кога тоа ќе се случи, може да предизвика реакции што водат до закани кон нив и нивните семејства. Тоа не е исправно“, се наведува во соопштението на Колина.
Прославениот Италијанец изјави дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не може да влијае врз судењето.



