Фил Фоден доживеа големо разочарување пред финалето на Европското првенство

Англија и Италија утре го играат финалето на Европското првенство на Вембли.
Големиот спектакл пред полните трибини на лондонскиот стадион го привлекува интересот на целиот свет, а во ова финале најверојатно нема да го има ниту младиот напаѓач Фил Фоден.
Напаѓачот на Манчестер Сити, Фил Фоден, може да го пропуштат финалето поради повреда.
21-годишникот го повредил стапалото. Не станува збор за сериозна повреда, но е доволно сериозна за да го спречи да настапи во финалето.
#ENG forward Phil Foden could miss Sunday's #Euro2020 final against Italy after picking up a minor foot injury.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 10, 2021
Фактот што се повреди пред финалето секако е разочарувачки за овој млад фудбалер кој очекуваше минути во финалето.
Фоден настапи на три натпревари на Европското првенство и одигра вкупно 159 минути.



