Ракомет
Филип Талески потпиша за унгарски тим
Македонскиот ракометар Филип Талески ќе настапува во унгарското првенство. Без да се откриваат детали, клубот Татабања од Унгарија соопшти дека го потпишале нашиот ракометар, кој треба да им помогне во нападот и одбраната.
Клубот Татабања соопшти дека успеале да го договорат Талески, кој треба да ги пополни празнините во тимот кои се создале поради големиот број на повредени играчи.