SportM
Фудбал

Финале за паметење: Мбапе како Роналдо, Бразилецот од 2002 година…

Д М18 дек 2022
Финале за паметење: Мбапе како Роналдо, Бразилецот од 2002 година…

Финалето на Светското првенство отиде во продолженија. Најголем виновник е Килијан Мбапе.

 

Изгледаше дека Аргентинците полесно од очекуваното ќе го освојат Светското првенство. Водеа со 2:0 до 80. минута.

Сепак, за само две минути, Килијан Мбапе постигна два погодоци. Прво од пенал, па од игра.

Меѓу неговите два гола поминаа само 97 секунди.

Така, Килијан Мбапе стана првиот играч кој постигнал два гола во финалето на Светското првенство од 2002 година, кога Роналдо го стори истото во победата на Бразил над Германија од 2:0.

Во тек е продолженијата, резултатот моментално е израмнет 2:2…

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.