SportM
Фудбал

Фиорентина ја исфрли Аталанта надвор од Купот на Италија, Кутроне го постигна својот деби гол

Д М15 јан 2020
Фиорентина ја исфрли Аталанта надвор од Купот на Италија, Кутроне го постигна својот деби гол

Фудбалерите на Фиорентина денес ја совладаа Аталанта со 2:1 на домашен терен во осмина финалето на Купот на Италија.

Фиорентина успеа да направи изненадувачки настап против Аталанта, која игра одлично оваа сезона. Феорентина со оваа победа обезебеди пласман во четвртфиналето на ова натпреварување.

Домашната екипа го отвори натпреварот одлично и поведе веќе во 11-та минута мрежата на Аталанта ја затресе Патрик Круроне, кој пред неколку дена пристигна во клубот од Вулверхемптон и покажа дека ќе биде големо засилување.

Но, тогаш Аталанта тргна за израмнување, а одбраната на Фиорентина беше соборена во 67-та минута. Малиновски асистираше и Иличиќ погоди за 1:1.

Кога сите очекуваа продолжение, домашната страна дојде до победа. Решителниот момент дојде во 84-та минута, а Лирола постигна гол за четврт-финалето и победа од 2:1.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.