SportM
Фудбал

Фиорентина со специјална понуда му се одмазди на Влаховиќ

Д М1 фев 2022
Фиорентина со специјална понуда му се одмазди на Влаховиќ

Изминативе години од Фиорентина заминаа неколку фудбалери во Јувентус, а последен е Душан Влаховиќ.

За навивачите, заминувањето на српскиот напаѓач во редовите на најлутиот ривал падна потешко од сите други. Многумина го сметаат за предавство.

„Влаховиќ е мал човек, без мади*а, без чест, без почит. Тој се декласифицираше како љубител на виолетова боја и не предаде, како и многумина досега, и одборот што ги продава нашите најдобри играчи на историски ривали. Ништо не не изненадува, загубивме уште една будала“, стои во соопштението на групата Curva Fiesole, најжестоката група навивачи на клубот од Фиренца.

Во меѓувреме и Фиорентина реши да го понижи својот поранешен напаѓач со специјална понуда до сите навивачи.

Имено, сите кои го купиле дресот на Влаховиќ имаат можност за 20 евра да го сменат името на дресот и да го заменат со името на новиот напаѓач, Кабрало.

Инаку, Влаховиќ денеска беше претставен како нов играч на Јувентус. Тој ја искористи оваа прилика да им се заблагодари на сите во Фиорентина.

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на Фиорентина и на сите луѓе со кои бев таму. Моите соиграчи од јуниорскиот тим, а потоа и првиот тим. Сите директори и претседатели што ги имав. Им благодарам и им посакувам среќа. Секогаш се трудев да го дадам максимумот и ќе бидам професионалец до последен момент“, изјави 22-годишниот.

Влаховиќ во Фиорентина пристигна во 2018 година од Партизан. Во првиот тим на 108 натпревари постигна 49 гола. Јувентус му плати околу 80 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.