SportM
Фудбал

Флик не е нездоволен по поразот од ПСЖ: Ако веќе сме изгубиле, нека биде вака

Д М8 апр 2021
Флик не е нездоволен по поразот од ПСЖ: Ако веќе сме изгубиле, нека биде вака

Актуелниот европски шампион Баерн од Минхен беше поразен синоќа на домашен терен од ПСЖ со 3:2 во првиот дуел од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Великанот од Германија создаваше шанси, но промаши многу, додека ПСЖ го искористи најдоброто од себе и на крајот славеше победа.

После натпреварот зборуваше тренерот на Баерн, Ханс Флик, кој беше задоволен од перформансите на неговиот тим и покрај поразот.

“Тие ни дадоа три гола од неколку шанси што ги имаа, додека ние пропуштивме премногу. Можевме да имаме подобар резултат, но не бевме ефикасни. Без оглед, јас сум задоволен од перформансите на тимот и начинот на кој игравме”, рече Флик и продолжи:

“Пропуштивме многу можности, но начинот на кој игравме беше импресивен. Не сакам да губам, но ако треба да изгубиме, нека биде вака, играјќи вистински фудбал. Ако го гледаме вечерашниот натпревар, можеме да очекуваме позитивен резултат во Париз”, рече тој.

Реваншот се игра во вторник на Паркот на принцовите.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.