Флорентино Перез го избира „трансферот на векот“ на Реал, тоа не е Кристијано Роналдо

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, доживеа стотици врвни трансфери за време на неговиот мандат на „Сантијаго Бернабеу“, но само еден беше наречен „трансфер на векот“ на клубот.
Да, на почетокот изгледа како да се зборува за Кристијано Роналдо или можеби Серхио Рамос, но играчот за кој зборуваме е Тони Крос.
Искусниот играч за врска пристигна од Баерн во 2014 година и потпиша тогаш шестгодишен договор со кралевите по одличните изданија на Светското првенство во 2014 година во дресот на Германија.
Перез за 22 милиони фунти го купи Крос, кој освои бројни трофеи во Шпанија, меѓу кои две шпански титули и три Лига на шампиони. 31-годишниот фудбалер стана незаменлив во тимот, без разлика на тренерот кој раководеше со Реал Мадрид, а за Реал Мадрид собра 330 настапи.
Агентот на Крос, Волке Струт, вели дека претседателот Перез го гледа играчот од средниот ред како еден од неговите најголеми потписи.
„Тој е неверојатно пријатна личност со одлична животна приказна“, изјави Струт за Перез за OMR-Podcast.
„Тој е голем претприемач, но останува човек. Ми кажа дека Крос е најголемиот трансфер на Реал во минатиот век“, додаде тој.
Крос, кој е многу ценет поради неговите манири надвор и на теренот, неодамна предизвика голема дебата кога рече дека Лионел Меси не ја заслужил Златната топка.
“Апсолутно не ја заслужи таа награда. Нема сомнеж дека Меси и Роналдо беа најдобри минатата деценија, но оваа година наградата ја заслужи Карим Бензема. Тој е извонреден фудбалер и тоа го гледам одблиску”, изјави Крос.



