SportM
Фудбал

Флорентино Перез ова утро разговараше со Мурињо по телефон

Д М23 окт 2018
Флорентино Перез ова утро разговараше со Мурињо по телефон

Тековниот европски шампион, Реал Мадрид, е во голема резултатска криза, а тренерот на овој тим Јулен Лопетеги е на излезната врата на Кралскиот клуб.

Лопетеги ова лето пристигна во Реал Мадрид, како замена за Зинедин Зидан, но сезоната за него не можеше да почне уште полошо. По поразот во последниот натпревар со Леганес, овој специјалист е веќе ао една нога на излезната врата, а откажувањето официјално ќе се случи кога Флорентино Перез ќе најде замена за него.

Шпанските медиуми објавија дека претседателот на Кралевите утрово преку телефон разговараше со тренерот на Јунајтед. Перез е решен да му понуди на Мурињо враќање во Сантијаго Бернабеу, но, наводно, Португалецот веднаш одбил.

Мурињо вчера изјави дека нема намера да се врати во Реал Мадрид во овој момент и дека дефинитивно ќе остане во Јунајтед до крајот на договорот, се разбира, ако не добие отказ за кој веќе се зборува со недели.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.