Флоријан Товен во Милан!
Д М11 окт 2020

Шпанските и француските медиуми објавија дека Флоријан Товен ќе потпише за Милан следното лето како слободен агент.
Наводно, Товен постигнал усмен договор со челниците на Милан, па ова одлично крило ќе дојде на „Сан Сиро“ без никакво обештетување, откако ќе ја заврши сезоната 2020/21 во Марсеј.
Товен одби да ја продолжи соработката со Марсеј, а 27-годишниот репрезентативец на Франција може да биде исклучително засилување за „росонерите“.
Тој беше мета и на Рома, а поранешниот играч на Бастија, Лил и Њукасл се одлучи за црвено-црните. Неговата голема предност е што тој може да игра буквално на која било позиција во офанзивата.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



