SportM
Фудбал

ФОТО: Баерн лансира специјално дизајнирани заштитни маски и ги руши сите рекорди

Д М28 апр 2020
ФОТО: Баерн лансира специјално дизајнирани заштитни маски и ги руши сите рекорди

Баерн неодамна објави дека на пазарот ќе има заштитни маски кои ќе го содржат логото на клубот.

Баварците решија да им помогнат на здравствените установи во борбата против коронавирусот, и да направат специјално дизајнирани заштитни маски и сигурно не можеа да очекуваат толку добар одговор од фановите на овој клуб.

За само 24 часа, Баерн успеа да продаде дури 100.000 заштитни маски, а парите ќе бидат пренесени на здравствените установи. Многумина беа изненадени од реакцијата на навивачите кои јасно го сакаа потегот на баварскиот клуб, и го срушија продажниот рекорд во рок од еден ден.

Пред неколку дена, Баварците го открија изгледот на заштитни маски, а дизајнот им се допадна на навивачите. Пакетот, кој доаѓа со три маски со различни дизајни, чини 17,95 евра, додека една маска е 6,95 евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.