ФОТО: Фудбалерот на Барселона шеташе по улиците на градот, а никој не го ни препозна

Коронавирусот донесе многу промени во секојдневниот живот на сите луѓе, а некои го искористија тоа на интересен начин.
Имено, јасно е дека славните фудбалери не излегуваат често од своите домови затоа што не можат нормално да шетаат низ градот, без луѓето да ги запрат за да се фотографираат и да земат автограм.
Но, кога пристигна короната, тоа се смени за нив. Прв го искористи ова Франческо Тоти, кој по повеќе од 20 години нормално шеташе по улиците на Рим, без никој дури и да го препознае.
Тогаш Тоти објави дека тоа е одлично чувство и дека конечно успеал да го обиколи градот како што сакал. После тоа, многу играчи започнаа да го следат истиот пример, а еден од нив е Френки де Јонг.
Играчот за врска на Барселона прошета со својата девојка низ улиците на овој прекрасен град и конечно виде што Барселона нуди, без никој да го препознае.




