Connect with us

Фудбал

ФОТО: Јуве поради Сари добива нов „грб“

Во текот на овој ден Маурицио Сари официјално ќе биде претставен како нов тренер на Јувентус.

Сагата околу трансферот на Сари од Челзи во Јувентус трае со недели, но италијанските медиуми велат дека сè треба да биде официјално денес, додека деталите за договорот со „Старата дама“, исто така, стигнаа до јавноста.

Тригодишен договор вреди седум милиони евра по сезона, а „Старата дама“ ќе му плати на Челзи три милиони евра надоместок.

Исто така треба да се каже дека Сари во Торино доаѓа заедно со неговите помошници од Челзи, Паоло Бертели, Лук Готи и Марко Јани.

За Сари е карактеристично тоа што преку целата кариера тој е страствен пушач, па затоа тој честопати е фатен додека пуши цигари за време на натпреварите од Серија А.

Затоа, корисниците на социјалните мрежи одлучија малку да се пошегуваат и да го сменат грбот на Јувентус, па наместо “ЈЈ”, на грбот беа вградени две цигари.

Многу Твитер корисници коментираа дека Сари едвај чека да се врати во Италија, бидејќи нема да имаат забрана за пушење за време на натпреварите.

Во Италија, Сари, меѓу другото, ги предводеше Верона, Емполи и Наполи, а со Јувентус главната цел ќе биде да ја освои титулата европски шампиони.

Исто така, треба да се спомене дека имал успешна сезона во Англија, бидејќи ја освоил Лига Европа, го одигра финалето на Купот и завршил трет во жестока конкуренција во Премиер Лигата.