ФОТО: Навивачи на Интер од Македонија на средба со Занети
Д М21 фев 2020

Натпреварот меѓу Лудогорец и Интер во рамки на Лигата на Европа, од трибините го следеа и навивачите од Македонија, а по натпреварот имаа и средба со легендарниот капитен на Интер, Хавиер Занети.
Интер на овој натпревар славеше со 0-2 и е чекор поблизу до следната фаза во Лига Европа.
Легенадрниот Занети беше присутен на овој натпревар, а навивачите од Македонија не ја изшуштија можноста да се поздрават со него. Здружението „Интер Клуб – Армата“, отпатуваа за Разград и имаа средба со фудбалскиот великан.
Интересно беше што еден од нив му подари дрес од македонскиот прволигаш Струга Трим Љум, а исто така доби и дуксер од здружението „Интер Клуб – Армата“.

Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



