SportM
Фудбал

ФОТО: Проблеми во Загреб – Погледнете како изгледа „Максимир“ пред натпреварот

Д М8 ное 2018
ФОТО: Проблеми во Загреб – Погледнете како изгледа „Максимир“ пред натпреварот

Динамо вечерва со почеток во 21 часот ќе го започне натпреварот од 4. коло од групата Д, а ќе биде домаќин на Спартак Трнава.

Фудбалерите на Динамо Загреб имаат шанса со победа да обезбедат пласман во следната фаза на Лига Европа, но пред почетокот на натпреварот избувнаа неочекувани проблеми на кои не може да се влијае.

„Максимир“ е „окупиран“ од дебела магла за час и пол пред натпреварот. Теренот е едвај видлив од трибините, а на теренот многу е намалена видливоста.

Добра работа за играчите е дека маглата полека се намалува.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.