Connect with us

Фудбал

ФОТО: Роналдо може да биде казнет за непристојниот гест покажувајќи си го меѓуножјето во мечот со Атлетико

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо може да биде казнет за непристојниот гест, кој го покажа по „хет-трикот“ против Атлетико Мадрид (3:0) за време на реванш-дуелот од осминафиналето од Лигата на Шампионите, пишува „Мундо Депортиво“. Со трите гола кои ги нанижа Португалецот во мрежата на Јан Облак, „бјанконерите“ се пласираа во следната фаза на натпреварувањето по успехот со 3:2 од двата меча.

Роналдо не се воздржа по она што го направи на „Јувентус“ стадионот и покажа гест кон трибините, насочувајќи го вниманието кон гениталиите.

Во наредните денови ќе стане јасно дали Комисијата за контрола, етика и дисциплина при УЕФА ќе се зафати со случајот. На Португалецот му се заканува парична казна или казна со лишување од натпреварувачките права, а втората казна е помалку веројатна.

Потсетуваме дека по првиот судир меѓу „јорганџиите“ и „Старата дама“ на „Ванда Митрополитано“, кој заврши со успех за домаќините со 2:0, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне направи сличен гест. Тогаш Европската фудбалска централа донесе одлука да му наметне парична казна во износ од 20.000 евра.