ФОТО: Вечерва Местаља е празна, само тој ’седи’ на своето место…

Нема публика на Местаља во реваншот од 1/8 финале во Лигата на шампионите меѓу Валенсија и Аталанта, но трибини не се целосно празни.
Валенсија се обидува да ја намали раликата од три гола против Аталанта (1:4), но на стартот на вечерашниот натпревар Аталанта при постигнаа гол, а на полувреме 1-2 во корист на Аталанта, но Лилјаците се сеуште премногу далеку од четвртфиналето.
Поради ширењето на епидемијата на коронавирус, вечерашниот дуел се игра без присуство на публиката, но навивачите на Валенсија организирано навиваа пред Местаља, што се слуша на теренот и на некој начин локалните фудбалери имаат поддршка.
А на трибините е „тој“. На Местаља е направен споменик, најверниот навивач на Валенсија, кој почина во февруари 2016 година на 89-годишна возраст, но целиот живот го помина навивајќи за Валенсија.
Затоа, клубот на местото каде што постојано седеше постави споменик во негова чест.



