SportM
Фудбал

ФОТО+ВИДЕО: Кој го вознемири Мурињо? “Тоа не е прослава, тоа е лошо воспитување”

Д М20 окт 2018
ФОТО+ВИДЕО: Кој го вознемири Мурињо? “Тоа не е прослава, тоа е лошо воспитување”

Манчестер Јунајтед на Стемфорд Бриџ освои само бод, а со малку среќа можеше да стигне до сите три.

До 96. минута Јунајтед со голот на Антони Марсијал водеше 2:1, а потоа се појави на Баркли постигна гол за изедначување.

Баш во тој момент Мурињо стана од клупата и почна да трча кон тунелот на некој од вработените во Челзи, а потоа излезе дека помошниот тренер на Челзи и асистент на Маурицио Сари, Марко Иани го испровоцира Мурињо.

Тој трчаше пред Мурињо и почна да слави пред него, поради што Жозе тргна физички да пресметува, но набрзо го смирија.

“Ова не е прослава, тоа е лошо воспитување. И јас правев грешки на фудбалски натпревари и ќе правам сеуште. Кога тој ми се обрати и ми се извини, јас го прифатив неговото извинување и тоа е тоа”, изјави Португалецот по натпревар.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.