(ФОТО+ВИДЕО) Манчестер Сити подобар од Тотенхем на “преораниот” Вембли

Дербито на 10. коло од Премиер лигата се одигра вечерва на Вембли, а домаќинот, Тотенхем, го запиша третиот пораз сезонава откако Манчестер Сити славеше со минимален триумф од 0:1.
Двете екипи ги дочека ужасен терен за англиски стандарди, бидејќи вчера на Вембли се играше натпревар од НФЛ помеѓу Џексонвил Јагуарс и Филаделфија Иглс. Сепак, дури и лошиот терен не го спречи Сити одлично да ја отвори играта.
Wembley looking f̶i̶n̶e̶ 😳 pic.twitter.com/zQOnOZpcxJ
— B/R Football (@brfootball) October 29, 2018
Добро играа гостите на почетокот на натпреварот, а до водство дојдоа во шестата минута. Стерлинг му асистираше на Марез, а Алжирецот не ја пропушти шансата и погоди за 0:1.
Yeaaaahhhhh @Mahrez22 @ManCity @DZBadBeat pic.twitter.com/qr80e8fbgI
— Trab⭐⭐🇩🇿 (@Trab591) October 29, 2018
Сити продолжи со добрата игра и имаше уште неколку шанси за да го зголеми водството, но сепак резултатот остана не променет.
Од друга страна Тотенхем, нешто подобра игра покажа во второто полувреме но сепак покрај добрите шанси не успеа да израмни на 1:1 и запиша уште еден пораз оваа сезона.



