SportM
Фудбал

ФОТО: Ѕвездата на Серија А остана без заб

Д М20 мар 2022
ФОТО: Ѕвездата на Серија А остана без заб

Лукас Тореира даде се од себе на дуелот меѓу Фиорентина и Интер, дури и заб …

Фиорентина одигра 1:1 на Џузепе Меаци во одличен натпревар во саботата и освои вреден бод, а Тореира подоцна се „пофали“ на социјалните мрежи дека останал без заб.

„Бод плус, заб минус“, напиша Уругваецот во описот на фотографијата на која е без преден заб и со прст со кој гестикулира дека освои бод во Милано.

Загубениот заб не го спречи поранешниот играч од средниот ред на Арсенал порано да го напушти теренот, и без него сите 90 минути ги помина на теренот, а тоа секако ќе го ценат навивачите на Фиорентина.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.