SportM
Фудбал

Фотографија која ќе го растажи секој навивач на Ливерпул, но некои работи едноставно се случуваат

Д М18 окт 2020
Фотографија која ќе го растажи секој навивач на Ливерпул, но некои работи едноставно се случуваат

Ливерпул синоќа имаше многу несреќи на гостувањето кај Евертон.

Освен што беше поништен голот на Хендерсон поради милиметарскиот офсајд на Мане во судиското надополнување кога резултат 2:2, уште потежок е фактот за „црвените“ дека можеби го загубија Виргил ван Дајк до крајот на сезоната.

Најдобриот стопер на светот се здоби со сериозна повреда по судирот со голманот на Евертон, Џордан Пикфорд во раната фаза на мечот, поради што англискиот голман дури и не доби картон бидејќи Холанѓанецот претходно беше во офсајд.

Иако се чинеше дека можеби не станува збор за толку сериозна повреда, се покажа дека Ван Дијк ќе паузира седум или осум месеци, иако официјалната потврда се уште се чека, а стоперот беше фотографиран како излегува од болницата во Ливерпул со патерици.

Тежок удар за Ливерпул, но ваквите работи едноставно се случат во фудбалот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.