Connect with us

Фудбал

Фотографија со Суарез: Видал ги провоцира челниците на Барселона со порака на Инстаграм

Фудбалерите на Барселона вчера изведоа нов тренинг во рамките на подготовките за новата сезона, во која се појави и Лионел Меси.

Аргентинецот тренираше со тимот откако пред неколку дена објави дека ќе остане во Барселона уште една година. Имаше и „отпишани“ играчи Артуро Видал и Луис Суарез, од кои челниците на Барса сакаат да се ослободат што е можно побрзо.

Роналд Куман веќе им порача на овие двајца дека нема да смета на нив, но проблем е што тие сакаат раскин на договорот со цел бесплатно да се преселат во нов клуб.

Сепак, се чини дека Видал и Суарез воопшто не брзаат да ја напуштат Барселона, особено откако Меси реши да остане. Чилеанецот вчера објави фотографија со Уругваецот, а неговата порака многумина ја сфатија како провокација за челниците на клубот.

„Секогаш сум среќен кога го правам она што го сакам“, рече Видал, давајќи им до знаење на челниците на Барселона дека нема да се ослободат од него толку лесно како што мислеа.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com