Фотографијата на Меси откако дозна за оставката на Бартомеу се појави на социјалните мрежи

Жосеп Марија Бартомеу ги воодушеви навивачите на Барселона вчера кога објави дека повеќе нема да биде претседател на каталонскиот клуб.
Бартомеу подолго време беше на удар поради состојбата во клубот, но тој одби да си даде оставка. Но, како што притисокот стануваше се посилен, тој конечно реши да си даде оставка заедно со останатите членови на управата на клубот.
Оваа вест ги израдува навивачите на Барселона, а среќата не ја криеја ниту играчите на каталонскиот клуб. Ова особено се однесува на Лионел Меси, кој до вчера не беше во добри односи со претседателот.
Поради Бартомеу, Меси ова лето сакаше да го напушти клубот и побара раскин на договорот. Но, навивачите се надеваат дека Аргентинецот ќе се предомисли сега кога Бартомеу го нема.
Исто така, се појави фотографија од Меси откако дозна за оставката на Бартомеу, и од тој момент тој едноставно не ја симна насмевката од лицето. Затоа, навивачите се убедени дека тој ќе го продолжи договорот и ќе ја заврши кариерата на Камп Ноу.
🚨 Lionel Messi smiles after the resignation of Bartomeu, the Argentine has not been happy for months. 🐐
[@DeportesCuatro] pic.twitter.com/5WOtliplFy
— Managing Barça (@ManagingBarca) October 28, 2020



