SportM
Фудбал

Франција забрани фудбал на 5 мај

Д М14 окт 2021
Франција забрани фудбал на 5 мај

Францускиот парламент донесе одлука со која се забранува одржување на професионални фудбалски натпревари на 5 мај во спомен на жртвите од катастрофата на стадионот Фуријани на Корзика во 1992 година.

На тој ден пред 29 години, трибината на стадионот во Бастија се сруши пред полуфиналниот натпревар против Олимпик од Марсеј. Во таа прилика, 18 лица загинаа, а повеќе од 2.300 луѓе беа повредени.

Француската лига и Француската фудбалска федерација се спротивставија на забраната, но одлуката беше изгласана од Националното собрание минатата година. Сега само Сенатот го ратификуваше.

Оваа одлука ги опфаќа натпреварите од Лига 1, Лига 2, Купот на Франција и Лигата на шампионите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.