SportM
Фудбал

Француска клетва, сега и – Камавинга?

Д М20 ное 2022
Француска клетва, сега и – Камавинга?

Дидије Дешан има проблеми пред Светското првенство во Катар.

Откако вчера Карим Бензема отпадна, а денеска беше потврдено дека веќе е на лекување во Мадрид, попладнето Едуардо Камавинга почувствува непријатност во мускулот и го пропушти тренингот.

Засега нема информации за потенцијална повреда, но се очекува да пристигне вест во текот на вечерта.

Да потсетиме, поради повреда веќе отпаднаа Бензема, Нкунку, Канте, Погба и Кимпембе.

Французите во вторник од 20 часот ќе го бранат трофејот против Австралија.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.