Фудбалерите на Атлетико Мадрид спасија 430 члена на овој клуб

Пред неколку дена фудбалерите на Барселона потврдија дека се согласиле на намалување на платите од дури 70% за да ги задржат останатите вработени во клубот, на своите работни места.
Другите вработени во каталонскиот клуб на тој начин ќе ги задржат своите работни места, но и ќе ја добијат целосната плата благодарение на играчите на овој тим кои се откажале од голем дел од својата плата.
Потегот на Каталонците ја воодушеви шпанската јавност, а денес истиот потег го направија фудбалерите на Атлетико Мадрид.
Фудбалерите на мадридскиот клуб исто така се откажаа од дури 70% од нивната плата за заштита на 430 вработени во Атлетико на кои им се заканува отказ поради пандемија на коронавирус.
Но, фудбалерите на Атлетико решија да помогнат, и порачаа дека овие пари треба да се искористат за другите вработени да ја добијат целосна сума на плата што ја имаат.



