Фудбалерите на Бохум не знаат што им се случи: Баерн ги шокираше гостите во три потези (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн моментално играат дома против Бохум во натпреварот од 5. коло во Бундеслигата.
Баварците одиграа фантастично прво полувреме по кое имаат убедлива предност од 4-0.
Домашниот тим поведе во 17 -та минута од натпреварот кога фантастичен гол од слободен удар постигна Сане.
Само десет минути подоцна беше 2-0, а овој пат мрежата на гостинскиот тим ја затресе Кимих.
Но, Баерн успеа да постигне уште два гола до крајот на првото полувреме и се чини дека прашањето за победникот е решено.
Во 32. минута домашниот тим одигра неверојатна контра и реши се со три потези, а голот за 3:0 конечно го постигна Гнабри. Погледнете ја контра и голот на Гнабри ТУКА.
Баварците стигнаа до четвртиот гол во 43. минута кога Лампропулос ја затресе сопствената мрежа.



