SportM
Фудбал

Фудбалерите на Гранада одбија да клекнат на колена пред мечот со Јунајтед

Д М9 апр 2021
Фудбалерите на Гранада одбија да клекнат на колена пред мечот со Јунајтед

Бојкотот на кампањата „Black Lives Matter“ продолжи синоќа во Гранада.

Манчестер Јунајтед гостуваше во Гранада и славеше со 2:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа, а на почетокот на овој натпревар необична глетка.

Фудбалерите на Јунајтед клекнаа во знак на поддршка на борбата против расната дискриминација, а сè започна со движењето „Black Lives Matter“.

Сепак, некои одбиваат да ја користат оваа вообичаена практика оваа сезона, па фудбалерите на Гранада застанаа мирно додека играчите на Јунајтед клекнаа на колена.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.