SportM
Фудбал

Фудбалерите на Реал ги чекаат бонуси од 720.000 евра

Д М25 мај 2020
Фудбалерите на Реал ги чекаат бонуси од 720.000 евра

Фудбалерите на Реал Мадрид, ќе имаат можност да ги надоместат загубите од пониските пимања, кои беа воведени поради коронавирусот.

Доколку „Кралевите“ успеат да ја освојат Лигата на шампионите и Ла Лига ќе добијат бонуси од 720.000 евра.

За потсетување на почетокот на април, играчите се согласија на намалување на платите од 10 проценти во услови на криза поради пандемијата на коронавирус.

Сепак, клубот нема одлука за откажување на можните бонуси по резултатите од настапите на разни турнири.

Така, секој играч на Реал ќе добие по 300 илјади евра за Лигата на шампионите и 420 илјади за победа во Ла Лига.

Овие бонуси ќе им овозможат на повеќето фудбалери да ја надоместат загубата на плата.

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно објави дека сезоната во Ла Лига ќе продолжи на 8 јуни.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.