Фудбалерот на Ајнтрахт позитивен на коронавирус
Д М21 мар 2020

Германските медиуми објавија дека еден играч на Ајнтрахт Франкфурт е позитивен на коронавирус.
Требаше да се тестира комплетниот тим на Ајнтрахт, како и стручниот персонал, но и голем дел од персоналот.
„Штом пристигнаа резултатите, сега сè станува појасно. Сите резултати се негативни, освен еден што беше позитивен“, се наведува во профилот на Твитер на Ајнтрахт.
Клубот не сакаше да го објави името на фудбалерот кој бил заразен, но целиот тим ќе мора да замине во изолација за одреден период затоа што еден од нивните колеги бил заразен.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



