Фудбалерот на Евертон му дозволува на неговиот син да носи само еден дрес на Роналдо!

Кристијано Роналдо е најпопуларниот фудбалер на денешницата и затоа не е изненадувачки зошто тој е пример за многу момчиња.
Голем навивач на Роналдо е исто така синot на Алан, сегашниот играч за врска на Евертон, кој има неколку одлични сезони зад себе во дресот на Наполи.
Бразилецот изјави дека во неговиот дом имаат само еден дрес на Роналдо, оној додека Португалецот играше за Реал.
„Мојот син е негов навивач, но јас не сакам дрес на Јувентус во мојот дом, па тој ја носи само „седумката“ на Роналдо од Реал Мадрид“, рече Алан.
“Добро е да се има Роналдо како спортски дијалог. Момчињата секогаш сонуваат да постигнуваат голови и да бидат напаѓачи, мојот син не е исклучок”, додаде бразилскиот фудбалер.
Алан го носеше дресот на Наполи од 2015 до 2020 година и му остана верен на тимот од југот на Италија во Англија.



