Фудбалерот на Валенсија во солзи го напушти стадионот: Тие зборови се страшни…
Д М4 апр 2021

Дуелот помеѓу Кадиз и Валенсија (2:1) беше обележан со расистички навреди од страна на играчите на домашниот тим.
Фудбалерот на Валенсија, Муктар Диахаби реши да го напушти теренот бидејќи Хуан Кала го навредуваше на расна основа.
Натпреварот беше накратко прекинат, а по натпреварот тренерот на Валенсија, Јави Гарсија, ја коментираше целата ситуација, но ја откри и состојбата на неговиот фудбалер.
“Ако веднаш дознаев што му рече, никогаш немаше да дозволам играчите да се вратат на теренот. Страшно е. Се надевам дека Кадиз ќе го санкционира својот играч. Не би сакал да ги повторувам овие страшни зборови тука, фудбалер е многу лош. Тој е психички скршен и во солзи. Замислете тогаш колку тежина имаа тие зборови “, изјави Гарсија по натпреварот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



