SportM
Фудбал

Фудбалска лудница на натпреварот помеѓу Зенит и Урал

Д М14 мар 2020
Фудбалска лудница на натпреварот помеѓу Зенит и Урал

Зенит во 22-то коло од руската Премиер лига на својот терен ја порази екипата на Урал со убедливи 7:1.

Сите дилеми за победничкиот тим беа решени во 27. минута кога имаа предност од 4:0.

Серијата на голови на Зенит ја отвори Азмун во осмата минута, Џуба четири минути подоцна го зголеми го водството на 2:0, а потоа повторно погоди Азмун во 15. минута и Малком во 27. минута за убедлива предност.

Со овој резултат, тие заминаа на пауза и првиот гол во второто полувреме беше виден во 61. минута кога Азмун по трет пат постигна за 5:0. Гостите потоа погодија од пенал, Панјуков во 65. минута за да постигнат почесен гол 5:1.

Сепак, само седум минути подоцна резултатот беше 7:1. Дриуси го постигна шестиот гол во 69-та минута, со што Џуба го постави конечниот резултат од пенал во 72-та минута за да ги донесе конечните 7:1.

Зенит е убедливо прв на рускиот шампионат со 50 бода, девет повеќе од вицешампионот Краснодар.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.