Connect with us

Фудбал

Фудбалската бајка на Алвеш продолжи: Еден потег беше доволен за да се покаже љубов кон Барса

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш денеска успешно ги помина лекарските прегледи во Барселона.

Искусниот 38-годишен фудбалер реши да се врати во Барселона откако стана слободен играч и неодамна го напушти Сао Паоло.

Алвеш и беше понуден на Барселона пред неколку недели, но потоа беше одбиен од Роналд Куман. Но, кога Чави беше избран за нов тренер ситуацијата се промени.

Чави му рекол на Жоан Лапорти дека треба да му даде договор на Алвеш бидејќи верува дека Бразилецот може да и помогне на Барселона до крајот на сезоната, особено младите играчи кои не можат да добијат подобар ментор.

Најтрофејниот играч во историјата денеска успешно ги помина лекарските прегледи во Барселона и потпиша договор со каталонскиот клуб до крајот на оваа сезона.

Алвеш по пет години се врати во Барселона, а во каталонскиот клуб секако ги помина најубавите денови во кариерата. Во првиот мандат играше осум сезони за Барса и со овој клуб освои се што можеше да се освои.

Тој никогаш не криел дека Барселона е неговата најголема љубов и дека таму се чувствува како дома, а секако е пресреќен што доби можност повторно да заигра во дресот на каталонскиот клуб.

А Алвеш на денешниот лекарски преглед го „галеше“ грбот на Барселона и покажа колку навистина има љубов кон овој клуб, кој за жал е реткост во модерниот фудбал.

Но, Алвеш и Барселона повторно се обединија и сите се надеваат дека неговата бајка ќе трае што подолго и дека на крајот од сезоната ќе добие нов договор.

Реклама

Facebook

Реклама