Фудбалскиот предатор во очајна состојба: Не може да оди, едвај се движи, а има само 21 година

Ретко кој играч успеал да го достигне самиот врв за толку кратко време кога ги има околу себе еди од најдобрите играчи во историјата.
За само неколку месеци, Ерлинг Халанд од анонимен напаѓач стана светска sвезда, благодарение на импресивните игри, прво во Салцбург, а потоа и во Борусија Дортмунд.
Фудбалскиот предатор постигна нереални 68 голови на 67 натпревари во дресот на жолто-црните и многу брзо се етаблираше во групата на најдобрите напаѓачи на денешницата.
Покрај неговиот талент, Халанд се потпира и на силата, а за некој кој е висок 1,94 метри, дејствува пребрзо, и се чини дека многу физички напор полека почнува да се исплатува.
Имено, овој 21-годишник е во толку очајна состојба што не е способен да оди, згора на тоа, едвај се движи, а информациите што пристигнуваат се навистини загрижувачки. Тренерот на Борусија, Марко Роуз зборуваше за деталите.
„Ерлинг се обидува да игра со денови, секој што го познава знае дека секогаш сака да игра. Почна во Гладбах и не заврши добро. Ми рече: Би сакал да играм, но не можам да се движам онака како што сакам, едвај можам да одам“ – рече Роуз.
“Тој е живо суштество, а не машина. Ако не може, тогаш не може. Треба да се опорави за Борусија, но и за репрезентацијата на Норвешка. Одигравме два натпревари без него и сегашните работи не изгледат добро“.
“Тоа е она што Ерлинг го вели постојано. Треба да се ослободиме од притисокот и да не се прашуваме секој ден што се случува. Треба да му дозволиме да се опорави”, вели Роуз.
Халанд се повреди на тренингот на Борусија пред гостувањето кај истоимецот од Менхенгладбах. Тој не играше во Лигата на шампионите и во првенствениот дуел минатиот викенд.
Во Дортмунд се надеваат дека ќе се случи чудо за време на зимската пауза и дека младата sвезда ќе закрепне. Во меѓувреме, тој го откажа репрезентативниот собир на норвешката селекција.



