SportM
Фудбал

Фудбалскиот храм станува вселенски брод: Во среда концерт, во петок кошарка, во недела фудбал… (ВИДЕО)

Д М28 јан 2021
Фудбалскиот храм станува вселенски брод: Во среда концерт, во петок кошарка, во недела фудбал… (ВИДЕО)

Современата технологија ќе му овозможи на Реал Мадрид да го добие најмодерниот мултифункционален објект во светот.

Сонот на Флорентино Перез да одржи низа големи настани на истото место за неколку дена е близу до исполнување.

Имено, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ започна работата за поставување тревник што може да се извлече и да се повлече.

Имајќи предвид дека култниот стадион се наоѓа во строгиот центар на Мадрид, потребно е да има многу слободен простор и за овој проект.

Тие најдоа решение со копање на 30-метарска „пештера“ под една од трибините, а машините веќе започнаа со ископување.

Бидејќи стадионот на Реал ќе има и подвижен покрив, откако ќе се реализира проектот за подвижното поле, ќе биде многу лесно да се организираат и други настани, освен натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.