Фудбалскиот клуб ,,Брегалница” од Делчево ги започна подготовките за новата сезона

Фудбалскиот клуб „Брегалница” од Делчево ги започна подготовките за новата сезона во Третата фудбалска лига – Исток. На Градскиот стадион каде се одржа првата прозивка присуствуваа сите фудбалери кои, како што информираа од стручниот штаб, ќе бидат главни носители на играта на делчевските „сини”.
-Поголем дел од фудбалерите настапуваа и во претходните сезони, но имаме се повеќе млади фудбалери, кои ќе се придодадат на веќе искусните. Формата ќе ја темпираме најпрвин со тренинзи на стадионот, а потоа следуваат и пријателски натпревари со екипи од регионот, истакнаа од стручниот штаб на делчевци.
Оттаму додадоа дека со поддршка на општествено – одговорни фирми се работи и на подобрување на условите за фудбалерите во постоечките соблекувални.

-Благодарност до општествено одговорната компанија Алпин-Ком која ги санираше тушевите во соблекувалните. Со подобрување на условите во самите соблекувални, како и на самиот терен, продолжуваме се до почетокот на сезоната, додадоа од ФК ,,Брегалница” Делчево.
Првото коло во Третата фудбалска лига – Исток е закажано за 11 септември 2022, коло во кое делчевци и гостуваат на Академија Чешиново – Облешево.



