SportM
Фудбал

Габигол: Нема поголем непријател од лажен пријател

Д М9 ное 2022
Габигол: Нема поголем непријател од лажен пријател

Не се смирува невремето во Бразил по репрезентативниот список на селекторот Тите за Светското првенство во Катар.

Меѓу напаѓачите ги нема Роберто Фирмино, Матеус Куња и Габриел Барбоса. Сите тројца очекуваа покана, а непоканата посебно ги погоди Куњa и Барбоса. Куња за малку ќе се расплакаше, додека Барбоса беше подиректен кон тренерот.

Габриел Барбоса, популарниот Габигол, е играч на бразилскиот Фламенго и една од најголемите ѕвезди на фудбалот на земјата. Веќе некое време игра во добра форма, а за репрезентацијата има пет гола на 18 натпревари.

Бидејќи Тите не го покани, Барбоса се огласи на социјалните мрежи. На фотографијата селекторот и тој слават, а во продолжение пораката:

„Нема поголем непријател од лажниот пријател“.

Да потсетиме, бразилските медиуми пишуваа дека Тите имал посебно барање од бразилската репрезентација:

„Тите побара играчите да ги лажираат повредите за да избегнат да играат за клубови во наредниот период“, ги пренесува зборовите на Габигол О Глобо и додава:

„Габигол го праша Тите каква повреда треба да одглуми. Овој му кажа дека не треба ништо да се преправа бидејќи нема да го однесе на Светското првенство“.

Бразил е во група со Србија, Швајцарија и Камерун. Првиот натпревар ќе го има против Србија на 24 ноември.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.