SportM
Фудбал

Габриел Жезус во Барселона? Неуморен работник, тимски играч, не статичен центарфор

SPORTM.mk31 авг 2026
Габриел Жезус во Барселона? Неуморен работник, тимски играч, не статичен центарфор

Габриел Жезус е блиску до трансфер во Барселона. Бразилскиот напаѓач пристигна во понеделникот во Каталонија и неговиот трансфер ќе биде официјализиран пред затворањето на трансфер прозорецот. За него зборуваше заменикот спортски директор на Барселона, Бојан Кркиќ, кој една деценија беше дел од секторот за скаутирање на клубот и подготви неколку извештаи за Бразилецот за време на неговиот престој во Манчестер Сити.

“Имав многу доверба во него, извештаите беа одлични. Отидов да го видам двапати одблиску кога беше во Сити и се разговараше за неговото заминување, пред да се пресели во Арсенал,” – изјави Кркиќ за “СПОРТ”. Тој особено ги цени техничките квалитети: “Тој е многу добар технички играч. Има одлична контрола на топката со двете нозе, добро го води топчето и реагира многу брзо во тесни простори”.

Кркиќ истакнува дека Жезус не е статичен центарфор: “Може да се движи во зони од нападот и да се отвора на крилата”. Според него, Бразилецот е “неуморен работник, тимски играч и многу активен во првиот пресинг”.

За разлика од Левандовски, 29-годишникот не е класичен бомбардер: “Тој е повеќе комбинирачки играч отколку чист голгетер. Неговите бројки никогаш не биле на ниво на голем стрелец, но ги поврзува одделите и размислува и реагира со извонредна брзина”.

Главната сомнеж се врзува за физичката состојба: “Се рехабилитирал и тренира со полн интензитет, но му треба континуитет во тренинзите и натпреварите. Тоа е златна можност…, може да се покаже како голем погодок за клубот”.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.