SportM
Фудбал

Галардо го пропушта финалето на Копа Либертадорес

Д М4 ное 2018
Галардо го пропушта финалето на Копа Либертадорес

Тренерот Марсело Галардо доби суспензија на четири натпревари по што нема да може да го предводи својот тим Ривер Плејт во финалето на најсилното клупско фудбалско натпреварување во Јужна Америка – Копа Либертадорес.

Галардо е казнет парично со 50 илјади долари.

Ваквите санкции врз 42-годишен фудбалски експерт се изречени поради непочитување на претходна санкција.

Имено, Галардо кој беше под суспензија, во полуфиналето на Купот на Либертадорес против бразилски Гремио, влезе во соблекувалната на тимот.

Аргентинскиот клуб победи со резултат 2:1 и стигна до финалето.

Гремио се жалеше и бараше службен пораз за Ривер Плејт, но дисциплинската комисија само го санкционираше Галардо.

Така, тренерот нема да може да присуствува на финалните натпревари од Купот на Либертадорес со Бока Јуниорс, закажани за 10 и 24 ноември.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.