SportM
Фудбал

Галијани: Враќањето на Ибра во Милано би бил романтично

Д М23 ное 2019
Галијани: Враќањето на Ибра во Милано би бил романтично

Адријано Галијани тврди дека враќањето на Златан Ибрахимовиќ во Милан би бил романтичен трансфер, слично на доаѓањето на Кристијано Роналдо во Италија.

Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ, се шпекулира дека ќе се врати во Милан од заминувањето во 2012 година, при што во последно време се интензивираат шпекулациите бидејќи играчот ќе биде слободен на крајот на месецот.

Говорејќи за „Раи Спорт“, Галијани – кој го префрли напаѓачот во Милан во 2010 година – призна дека би сакал повторно да го види Швеѓанецот на „Сан Сиро“.

 
„Би било романтично ако тој се врати. Но, јас сега имам правило, не зборувам за клубовите во кои не сум повеќе вклучен. Сега јас сум само фан на Милан“, рече Галијани.

„Сепак, неговото доаѓање ќе го збогати италијанскиот фудбал, слично на она што се случи кога Кристијано Роналдо дојде во Италија“.

За Болоња и Наполи исто така се шпекулира дека сакаат трансфер на Ибрахимовиќ, и покрај тоа што е 38-годишник.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.