Гатузо: Никој од управата на Милан не ми кажа дека морам да обезбедам пласман во Лигата на шампионите

Милан утре игра многу важен натпревар против СПАЛ.
Росонерите мора да ги освојат сите три бодови и да чекаат кикс на Интер или Аталанта за да стигнат до местото што води до Лигата на шампионите следната сезона.
Сепак, тренерот Џенаро Гатузо изјави дека менаџерот на клубот никогаш не му рекол дека мора да ја обезбеди Лигата на шампионите, но само да се обиде да го стори тоа.
„Треба да ја вршиме нашата работа, да се бориме за победа, а потоа да видиме што се случува по последниот свиреж“, изјави тренерот на Милано на прес-конференцијата пред натпреварот.
„Тренирањето на Милан е остварен сон, беше тешко и се надевам дека ќе продолжам да живеам во овој сон. Ми беше чест и сакам да продолжам со оваа улога што е можно подолго“
„Реков дека петтото место нема да биде неуспех, бидејќи ако ги погледнеме статистиките, освоивме повеќе бодови отколку во последните неколку години“.
„Имавме многу проблеми и секогаш минувавме низ нив. На списокот имаше екипи кои беа подобро опремени од нас, но ние сме пред нив на табелата. Вистина е дека потрошивме некои прлики, но тоа не е тотален неуспех“
„Покрај тоа, никој во овој клуб не ми кажа дека сме обврзани да се квалификуваме за Лигата на Шампионите. Тие ме замолија да се обидам и тоа е она што го правиме, влегуваме во финалниот круг со добри шанси“
„Во однос на тимот што го имаме, ни треба малку повеќе искуство и чувство на одговорност. Верувам дека тоа е она што треба да го бараме во иднина, а јас веќе го кажав тоа“, додаде Гатусо.
Гарузо е тренер на Милан од 2017 година и ќе чекаме се до последно да дознаеме дали ќе продолжи и и во иднина да биде тренер.



